„OnlyFans“ ѕвезда со сосема несвојствен совет за нејзината професија до девојките кои сакаат да отворат профили на оваа платформа

Супермен

05/05/2025

22:20

4.961

Големина на фонт

а а а

Софи Рејн, 20-годишна девојка позната по својот успех на платформата „OnlyFans“, минатата година заработи неверојатни 40 милиони евра, соборувајќи ги рекордите за заработка на оваа платформа неколку пати.

Иако постигна огромен финансиски успех, Софи им советува на младите жени да ги испробаат сите други животни и професионални опции пред да одлучат да влезат во светот на „OnlyFans“.

„Пробајте сè што можете пред оваа работа. За жал, не можев да си дозволам колеџ бидејќи моето семејство немаше доволно пари. Ако имате можност да студирате - искористете ја. Дипломирајте, девојки! Направете го „OnlyFans“ ваше последно засолниште“, рече таа.

Таа нагласува дека ако пораснала во пофинансиски стабилно семејство, најверојатно ќе изберела поинаков пат. Сепак, не се кае за одлуката што ја одвела од живеење од социјална помош и работа како келнерка, до луксуз и приватни авиони - и тоа за помалку од две години.

Софи исто така истакнува дека не е доволно само да се отвори профил на „OnlyFans“ и да се објават неколку провокативни фотографии.

„Најголемата грешка што ја прават младите е што отвораат профил и мислат дека неколку секси фотографии ќе им донесат милиони. Не е така, прво треба да изградите препознатливо име и лице. А работата е психолошки многу потешка отколку што изгледа од гламурозните објави“, објаснува таа.

Софи неодамна откри дека заработува дури четири милиони долари месечно, а нејзиното име сега стои рамо до рамо со познати ѕвезди како Бела Торн и Кејти Прајс кои се исто така дел од оваа платформа.

„Денес летам исклучиво со приватни авиони и не можам да излезам на улица без да бидам препознаена. Горда сум на себе и обожавам да бидам број еден на 'OnlyFans'“, заклучува Рејн, додавајќи дека само ретки девојки можат да го постигнат она што таа го постигнала.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk