Корисниците се жалат од новата промена на Фејсбук: „Очите ме болат од ова“

Супермен

29/09/2023

17:18

6.522

Големина на фонт

а а а

Фејсбук ги промени своите икони на „newsfeed“ како и бојата на логото на апликацијата.

Суптилната промена настапи пред неколку дена, а додека некои воопшто и не ја забележале, многумина велат дека новата сина боја на Фејсбук логото им „боде очи“.

Една ТикТок корисничка под името „myaudhdnotebook“ вели дека ѝ пречи новата боја на Фејсбук, а видеото стана вирално. Повеќе од 6000 луѓе се вклучиле во расправата и повеќето се согласуваат дека новата сина боја на социјалната мрежа е, во најмала рака, иритантна.

„Премногу е сино“, „Очите ме болат од ова“, „Никој не зборува за ова, промената воопшто не е суптилна“, пишуваат корисниците на ТикТок.

Мета, во чија сопственост е Фејсбук, пред една недела го претстави новото лого за популарната социјална мрежа, а промената е толку суптилна што некои не ја ни забележале разликата.

Новата промена вклучува потемна нијанса на сина боја и ситни промени на малата буква „f“, а во објавата на блогот објасниле дека промената е дел од стратегијата за „освежување на дизајнот на логото на Фејсбук, правејќи го посмело и повпечатливо“.


Тие истакнале дека е избрана потемна нијанса на сина боја со цел буквата „f“ повеќе да се истакне и дизајнот да биде „визуелно попристапен“.

Со оглед на тоа што Фејсбук има повеќе од 2 милијарди корисници и секоја промена е видлива за голем број луѓе, од Мета објаснуваат дека токму тоа е причината поради која компанијата користи суптилни промени на логото наместо радикални.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk