[ФОТО/ВИДЕО] Милош Биковиќ се прошетал на црвениот тепих во необично издание: Aктерот ја променил бојата на косата и снимил песна за улогата

Супермен

01/12/2023

12:01

5.782

Големина на фонт

а а а

Познатиот српски актер Милош Биковиќ прошетал на црвениот тепих на настан во рускиот град Красногорск, во близина на Москва.

За потребите на новиот филм што го снима, Милош ја променил бојата на косата и стајлингот, па на црвениот тепих се појавил во несекојдневна модна комбинација.

Актерот пристигнал во широки панталони, шарен елек и необично палто. Остатокот од неговиот изглед бил пропратен со броен накит, но и тетоважи кои веруваме дека не се вистински туку за потребите на неговата претстојна улога.

Во текот на подготовките за улогата, Милош снимил и песна која ја извел во живо на синоќешниот настан покажувајќи го својот музички талент.

Да потсетиме, Милош Биковиќ и неговата вереница Ивана Малиќ наскоро ќе станат родители. Милош летово ја запроси Ивана, што неодамна и го потврдил.

„Да, точно е. Се веривме летово“, изјавил Милош за „Блиц“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk