Близок пријател до легендарниот актер Шон Конери во новата книга „Connery, Sean Connery – Before, During, and After His Most Famous Role“, од авторот Херби Џеј Пилат, проговорил за последните денови на Оскаровецот.
Пријателот на Конери, Брендан Линч открил дека го посетил актерот непосредно пред смртта и дека на тие моменти се присетува со голема тага.
Да ве потсетиме, првиот филмски Џејмс Бонд починал во својот дом на Бахамите на 31 октомври 2020 година во 1 и 30 часот наутро.
Имаше 90 години, а наведено е дека починал како последица на пневмонија, респираторна инсуфиција, старост и атријална фибрација.
Но, неговата сопруга Мишелин признала дека актерот пред смртта водел длабока битка со деменцијата.
„Поради тоа што нималку не му беше добро, Мишелин ме замоли да го видам барем на кратко на крај. Не сакаше околу него да има луѓе кои не го познаваа, па јас отидов да го посетам“, цитиран е Линч во книгата.
„Плачев поради тоа што ја видов таа планина од човек, човеково суштество со монументални достигнувања во толку ужасна состојба, слаб и ментално и физички, неспособен да го продолжи разговорот или да ја заврши реченицата.
Да го видите неговото тело толку слабо и кршливо на самиот крај... Беше многу тажно. Се обидовме да разговараме. Се обидов да му кажам сѐ што се случува во светот на спортот, без оглед на тоа што знаев дека тој всушност не сфаќа сѐ“, додал пријателот.
„Доколку некој изгледаше како филмска ѕвезда, тоа беше Шон Конери. Но, пред крајот, додека беше слаб, беше тешко да го гледаш“, заклучил Пилато, авторот на книгата.