Пред 10 години го глумеше Тед Мозби во хит-серијата „How I Met Your Mother“, еве како изгледа денес

Супермен

20/03/2024

16:50

8.380

Големина на фонт

а а а

Џош Раднор се прослави со улогата на Тед Мозби во серијата „How I Met Your Mother“. Серијата се емитуваше од септември 2005 до март 2014 година и наскоро ќе навршат 10 години од нејзиното финале.

Главните ликови, чии авантури се проследени преку повеќе од 200 епизоди многу се промениле во последните 10 години. Џош Раднор, кој низ целата серија ја бараше љубовта на својот живот, сега има 49 години.

Од снимањето на серијата, актерот го променил имиџот. Тој пуштил седа коса и брада, а се чини дека капите му се омилен моден додаток.

Ја пронајде сродната душа во вистинскиот живот

Џош на почетокот на годината се ожени со клиничкиот психолог Џордана Џејкобс, а среќната вест ја сподели на Инстаграм.

„Се оженив! Пред две недели. Во мала снежна бура. Беше неверојатно емотивен викенд исполнет со снежно блаженство. Благодарен сум на толку многу луѓе што дојдоа на имотот Седар Лејкс за да бидат со нас. Но, најмногу од сè сум благодрен на Џордана. Не можам да верувам дека оваа извонредна жена можам да ја наречам своја сопруга“, напиша тој тогаш.

Парот се запознал во февруари 2022 година, а во една прилика Раднор зборувал за „New York Times“ за тоа што чувствувал кога ја видел за првпат. „Тоа е таа, тоа е твојата сопруга“, рекол актерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk