Според „Forbes“, 30-годишната претприемачка од Силициумската долина и со-основачка на „Scale AI“ е најмладата милијардерка која богатството го стекнала самостојно.
Луси Гуо пораснала во заливот Сан Франциско како ќерка на кинески имигранти. Започнала да програмира во основно училиште, а подоцна се запишала на компјутерски науки и интеракција човек-компјутер на престижниот универзитет Карнеги Мелон. Сепак, не ги завршила студиите – ги напуштила за да стане стипендист на Тиел, како дел од програмата што им овозможува на младите претприемачи да основаат компании, пишува „Forbs“.
Нејзините први професионални чекори ја одвеле на познатата платформа „Quora“, каде што го запознала Александар Ванг, со кого наскоро ќе го основаат „Scale AI“. Таа, исто така, работела кратко во „Snapchat“ пред целосно да се посвети на развојот на нејзината компанија.
„Scale AI“ е американска компанија со седиште во Сан Франциско која развива и обезбедува решенија за забрзување на развојот на апликации базирани на вештачка интелигенција – за која можеби не сте слушнале до сега. Нивната основна дејност е управување со податоци и трансформација во висококвалитетни сетови на податоци кои се клучни за обука и подобрување на моделите за вештачка интелигенција. Услугите на „Scale AI“ ги користат големите технолошки компании како „OpenAI“, „Meta“, „Microsoft“ и „Nvidia“, како и автомобилската индустрија, како и голем број американски владини и одбранбени институции.
Деветгодишната компанија моментално е во процес на прибирање капитал и ќе им овозможи на своите рани косопственици да ги продадат своите акции на надворешни инвеститори. Тој процес би требало да биде завршен до 1 јуни и би можел да ја зголеми процената на „Scale AI“ на дури 25 милијарди долари, или 80% повеќе од вредноста постигната минатата година во мај, кога стартапот собра 1 милијарда долари инвестиција со процена од 13,8 милијарди долари.
Новиот круг на инвестиции во компанијата носи големо зголемување на личното богатство на нејзините основачи, меѓу кои се издвојува Луси Гуо – американска претприемачка за која можеби никогаш не сте слушнале. Учествувала во основањето на „Scale AI“ кога имала само 22 години. Таа го започна стартапот заедно со Александар Ванг, актуелниот извршен директор, но поради меѓусебно несогласување, таа ја напушти компанијата по само две години, задржувајќи околу 5% од сопственичкиот удел.
Со проценета вредност од 25 милијарди долари, Гуо скокна на скалата на млади богаташи до првото место. Со само 30 години и богатство од 1,25 милијарди долари, таа се најде на врвот на листата на Forbes на милијардери кои самите го стекнале богатството. Така од тронот ја „симна од престолот“ музичарката Тејлор Свифт која е само пет години постара од неа.
Откако ја напушти „Scale AI“, Гуо лансираше свој фонд за ризичен капитал, „Backend Capital“, а во 2022 година лансираше „Passes“, платформа која се натпреварува со „OnlyFans“ и „Patreon“, дозволувајќи им на креаторите на содржини и познати личности директно да комуницираат и да ги монетизираат односите со обожавателите. „Passes“ досега има собрано околу 50 милиони долари инвестиции, неговата вредност е околу 150 милиони долари, па неговото вкупно богатство, ако се пресмета и тој проект, е уште поголемо.