Поради неа го растурил бракот, ја завел додека била малолетна: Оперскиот пејач својата љубов ја освоил за 3 минути, останатото е историја

Супермен

21/03/2024

21:49

15.845

Големина на фонт

а а а

Оперскиот пејач со магичен глас, Андреа Бочели, одново и одново на публиката ѝ приредува музичка бајка, додека тој љубовната приказна со својата Вероника ја започнал на една забава во 2002 година. Тогаш имал 44 години, а таа неполни 18.

„Сите беа таму и тоа навистина беше прекрасен момент. Тоа беше најбрзиот почеток на една љубовна врска затоа што се зближивме истата вечер“, ја опишал првата средба со Вероника пејачот којшто ѝ отпеал и посебна арија.


Без оглед на тоа дали тоа е правилно или не, разликата во годините меѓу партнерите често се коментира. И Бочели имал да каже нешто во врска со тоа.

„Меѓу моите родители исто така има голема разлика во годините. Покрај тоа, јас сум многу религиозен, а разликата во годините е нешто што често го сретнуваме во библиските бракови“, гласи неговата изјава која неретко ја цитира во јавноста.


Врската на пејачот и Вероника која веќе тогаш работела како негов менаџер, ќе го привлече вниманието и поради фактот што во 2002 година кога ја сретнал новата љубов, тој се развел од својата прва сопруга Енрика Цензати (53) со која се венчал во 1992 година. Токму поради тоа многумина сметаат дека причината за разводот била токму новата врска во животот на славниот пејач.

Вероника и Бочели се венчале во 2014 година, а две години претходно ја добиле ќерката Вирџинија, чие раѓање го прославиле со заедничка изведба на нумерата „Qualche Stupido“.


Венчавката на познатиот пар се случила во црквата „Madonne di Montenero“ во Тоскана, на вториот роденден од нивната наследничка.

Вирџинија е првото заедничко дете на Вероника и Бочели, а пејачот од првиот брак ги има синовите Амос (27) и Матео (25). И двајцата се талентирани за музика.

Постариот син е пијанист и повеќе пати настапувал со својот татко во разни ТВ-емисии, додека помладиот снимил дует со татко му, популарната нумера „Fall on me“.


Судејќи по семејните фотографии, настапите на црвениот тепих и летувањата, може да се заклучи дека синовите на Бочели се во прекрасен однос со Вероника иако некои би помислиле дека ситуацијата е поразлична.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk