[ФОТО] Од груб рокер до господин во одело: Џони Деп изненади многумина со својот нов изглед

Супермен

16/04/2024

19:58

6.486

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Џони Деп се појави во Лондон во елегантно издание, со избричена брада и пократка коса и изненади многумина. Веќе навикнавме да го гледаме Џони во рокерски изданија, со оглед на тоа што тој е љубител на оваа музика и веќе подолго време има свој бенд.

Актерот сега одлучил, како што наближува до 61 година, на улиците на Лондон да се појави како вистински господин во одело, капут и вратоврска. Џони сепак носел модерни очила, а сите се прашуваат која е причината за неговата трансформација? На почетокот на оваа година тој ја покажа својата драстично послаба фигура.

Во февруари оваа година, на промоција во Торино, Италија, каде како режисер работи на новиот филм „Modi“, за сликарот Модиљани, Деп беше фотографиран како носи капа, а косата му паѓаше преку рамениците. Оттогаш доживеал голема трансформација, а на најновите фотографии го гледаме во костум и капут на „Dior“.

Пријателите на холивудската ѕвезда велат дека на оваа промена влијаел неговиот живот во Лондон, кој очигледно му годи.


„Тој живее во Лондон откако работеше на „Modi“ и живее поуреден начин на живот од порано“, велат тие.

Џони инаку е заштитно лице на „Dior“ и нивниот најпродаван парфем.


Актерот го играше Луј XV во „Jeanne Du Barry“ во кој зборува на француски јазик. Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај, а на прашањето дали доживеал „бојкот од Холивуд“ по обвинувањата за семејно насилство од поранешната сопруга Амбер Херд, тој рече: „Скоро како да морам да се вратам и да одиграм најдобро за вас луѓе, и се надевам дека ќе ме одобрите“.

„Не се вратив, бидејќи не отидов никаде“, рече Џони.





Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk