[ФОТО] Избран најзгодниот маж во Велика Британија: На листата се најдоа и Том Холанд и Килијан Марфи, но името на победникот е вистинско изненадување

Супермен

17/05/2024

13:00

8.914

Големина на фонт

а а а

Џереми Кларксон во четвртокот официјално бил прогласен за најсексапилен маж во Велика Британија, втора година по ред.

Имено, Џереми Кларксон (64) ја победил конкуренцијата која ги вклучувала и принцот Вилијам, Идрис Елба и Килијан Марфи.

Ѕвездата Кларксон постигнал импресивна оцена 9 од 10 поени во годинешната анкета која ја спровел „IllictEncounters“ која се смета за најдобра веб-локација за запознавање на мрежата.


Последниот којшто влегол на листата 10 најсексапилни мажи во Велика Британија е актерот Том Холанд којшто го зазел второто место. Холивудската ѕвезда која се забавува со актерката Зендаја, освоила импресивни осум поени во анкетата.

На третото место се нашол принцот од Велс, Вилијам.

Годинешната анкета за најсексапилни мажи на водечката страница за запознавање ја пополнувале 2000 членови. Жените биле прашани кој според нивно мислење е најсексапилен маж во Велика Брианија, барајќи од нив да состават листа од 50 најпознати минатогодишни, културно релевантни имиња од најмногу до најмаку секси.

Секое име било оценувано од 1-10 врз основа на сексапилот.

На листата се нашол и Килијан Марфи којшто го зазел петтото место, како и Идрис Елба.

Интересно е тоа што Мајк Тиндал паднал од третото на 29 место, додека Рајан Рејнолдс паднал од 4 на 26 место.

За разлика од својот брат, принцот Хари завршил на 47 место.


Минатата година Џереми исто така го зазел првото место затоа што дамите не можеле да одолеат на неговата вибрација на „лошо момче“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk