[ВИДЕО] Оваа девојка е најдобар доказ колку напреднала вештачката интелигенција, луѓето коментираат: „Готово е“

Супермен

13/08/2024

18:33

11.690

Големина на фонт

а а а

AI моделите се присутни веќе некое време, а колку напредувала вештачката интелигенција најдобро покажува едно видео кое кружи на социјалните мрежи.

Корисникот на „X“, Николас Нојберт, сподели видео од девојка која држи говор и - луѓето не можат да препознаат дали се работи за вистинска личност. Имено, овој AI модел изгледа толку реално што многумина коментираат дека границата помеѓу вештачката интелигенција и реалноста е избришана.

„Не е реална. Не верувајте во ништо што ќе видите“, напишал еден корисник, додека друг во неверување прашал: „Ова е во целост вештачка интелигенција?“.

Вистинска личност или вештачка интелигенција?

„Не е совршено, но е многу близу. Ова е блиску до магија“, заклучил трет, додавајќи дека забележал неправилности поврзани со микрофонот, но дека снимката сепак е неверојатна, а некој на шега напишал: „Готово е“.

„Ова е лудо“, „Ова се случува пребрзо“ и „Изгледа лудо добро, речиси е невозможно да се каже дека не е вистинска личност“ се дел од коментарите.

AI моделите го освојуваат светот

Појавата на модели направени со помош на вештачка интелигенција постои веќе некое време. На пример, моделот Емили Пелегрини е вирална сензација и го привлече вниманието на милионерите и некои познати спортисти, кои ја помешаа со вистинска личност.

Покрај тоа, неодамна се одржа и првиот AI натпревар за убавина во светот, а победник беше мароканската инфлуенсерка Кенза Лајли.


Дипфејковите на славните се сè поголем проблем

Доказ колку напредувала вештачката интелигенција е и „лавината“ од дипфејк видеа од славни личности како она во кое пејачот Џастин Тимберлејк пие пиво. Ова AI видео стана вирално откако тој беше уапсен за возење во пијана состојба и било направено по неговата фотографија во полициска станица која стана вирална.

Покрај тоа, многу актерки се соочија со појавата на дипфејк порнографски содржини и станува сè потешко да се утврди дали видеата од познатите личности се вистински или не. За овој проблем проговори и актерот Кијану Ривс, кој со договор забрани какви било дигитални измени поврзани со неговото лице или актерска изведба.

Сепак, тоа не ги спречи креаторите на дигитални содржини да објавуваат дипфејк снимки со неговиот лик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk