Новиот "DS N°8" – Автомобил за претседатели! Пристигнува на есен

Супермен

20/05/2025

13:30

742

Големина на фонт

а а а

Брендот "DS Automobiles" го претстави ексклузивниот електричен модел "DS N°8", наменет за француското претседателство, кој своето деби го имаше на свеченото одбележување на 80-годишнината од сојузничката победа на 8 мај 1945 година. Францускиот претседател Емануел Макрон стана првиот светски државник кој користи целосно електрично службено возило.

Импресивен електричен дострел

Претседателскиот "DS N°8", кој ќе биде достапен во редовна продажба во септември 2025 година, воодушевува со рекорден дострел од 750 километри со едно полнење, благодарение на напредната "ACC" батерија. Овој модел го продолжува речиси 70-годишното партнерство помеѓу "DS" и француското претседателство, кое започнува уште со основањето на Петтата република.


„Бројот 8 е во центарот на вниманието. Претседателскиот "DS N°8", на 80-годишнината од Денот на победата – 8 мај 1945, го продолжува наследството на специјалните "DS" модели што ги користело Претседателството речиси седум децении. Како што церемонијата на отворањето на Олимписките игри 2024 го поврзува минатото и сегашноста, така и претседателскиот "N°8" со досег од 750 км се претставува пред официјалното лансирање, комбинирајќи врвна занаетчиска изработка и авангарден дух, секогаш со стремеж кон извонредност,“ изјави Ксавије Пежо, извршен директор на "DS Automobiles".


Единствен дизајн со францускикарактер

Возилото е модифицирано во ексклузивна сафирно сина боја, иста како кај "DS 7 ÉLYSÉE", со црни странични панели. Осветлената маска "DS Luminascreen" ги прикажува сино-бело-црвените бои на француското знаме, а истите бои се присутни и на предниот и задниот дел од автомобилот, заедно со држачи за знамиња на краевите од предниот браник.


Во изработката на овој луксузен автомобил учествуваа бројни француски занаетчии и партнери, кои се погрижија за рачно отсликани детали на контролната табла и внатрешните облоги, како и за изборот на специјалната свилена ткаенина „Dream Blue“.

Претседателскиот "DS N°8" ја продолжува низата на специјални модели на "DS" што му служат на француското претседателство, откако Емануел Макрон во 2017 година користеше "DS 7 Crossback" за време на својата инаугурација, а од 2021 година и "DS 7 ÉLYSÉE" со 300-коњска сила "E-TENSE" plug-in хибриден погон и интелигентен погон на сите тркала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk