Пензионерите во оваа европска земја имаат поголеми месечни приходи од оние кои се во работен однос – еве колку пари им „легнуваат“ на сметка секој месец

Супермен

23/09/2025

15:15

915

Големина на фонт

а а а

Иако на прв поглед може да звучи неверојатно, пензионерите во Франција постари од 65 години месечно добиваат по околу 1.626 евра, што е околу 2 отсто повеќе од нивните работно активни сограѓани, благодарение на неверојатниот пензионерски систем.

За споредба, пензионерите во САД заработуваат околу 16 отсто помалку од работно активните луѓе, при што речиси петтина одвај ги плаќаат трошоците за живот, додека само пет отсто сметаат дека го „живеат својот сон“.


Резултатот е ситуацијата во која Франција троши околу 14 отсто од БДП на пензии, со стапка на замена од приближно 74 отсто, додека пак САД издвојува речиси дупло помалку – само 7 отсто од БДП со стапка на замена од околу 50 отсто.

Додека реформите на пензискиот систем во Франција предизвикуваат масовни штрајкови, во Велика Британија доведуваат до политички турбуленции, трошоците за пензија во двете земји растат побрзо од другите поголеми градови, создавајќи долгорочен притисок на јавните финансии.

Без оглед на тоа, политичкиот систем во двете земји моќно ги штити пензионерите од фискалните приспособувања, дури и во услови на раст на трошоци и зголемување на државниот долг, пишува „Yahoo Finance“.


Во Велика Британија системот на т.н. „тројна заштита“, обезбедува државните пензии да растат побрзо од платата, инфлацијата или најмалку 2,5 отсто годишно. Тоа го подобрило животниот стандард на пензионерите, но создало голем притисок врз буџетот, намалувајќи го просторот за инфраструктурни и социјални задачи.

Во Франција, пензионерите не само што уживаат во поголемите надомести туку почнуваат да ги примаат и порано, благодарение на ниската старосна граница за пензионирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk