Мистеријата стара 15 години конечно решена: Еве што „Apple“ криел во „iPhone 4“, дури и Стив Џобс морал да реагира

Супермен

09/10/2025

11:13

907

Големина на фонт

а а а

Пред точно 15 години, „Apple“ го лансираше „iPhone 4“, телефонот којшто остана запаметен по аферата наречена „Antennagate“.

Корисниците тогаш забележале дека сигналот нагло им се намалува штом со раката го допрат работ од уредот, што предизвикало огромен скандал и ја натерало компанијата да дели бесплатни маски за телефони.

Сега е откриено дека целиот проблем бил решен со промена од само 20 бајти код.

Тогашниот директор Стив Џобс се обидел да го намали значењето на проблемот со тврдењето дека корисниците „погрешно го држат телефонот“. Сепак, притисокот од јавноста го натерало „Apple“ да ја признае грешката и да ја подобри антената во следниот модел „iPhone 4S“, како и да плати отштета низ колективна тужба.

Со години се верувало дека проблемот бил од хардверска природа, но се докажало дека причината бил софтверски баг во начинот на приказ на јачината на сигналот.

Само 20 бајти код ја смениле историјата

Софтверскиот инженер и дизајнер Сем Хенри Голд неодамна открил што всушност било погрешно. Анализирајќи го стариот софтвер на телефонот, открил дека формулата која ја претвора јачината на сигналот во приказот на број на цртички на екранот била погрешна и премногу оптимистична.

Телефонот често покажувал 4 или 5 црти сигнал и во подрачјата каде сигналот бил всушност слаб. Кога корисниците ќе ја прекинеле антената со раката, цртичките нагло опаѓале на 2 или 1, што изгледало како губење на сигналот, иако проблемот бил само во погрешниот приказ.

Во ажурирањето на „iOS 4.0.1“, „Apple“ ја променил таа вредност во „lookup“ табелата така што падот да биде постепен и пореален.

Се докажало дека за тоа биле доволно да се изменат само 20 бајти код. Покрај тоа, „Apple“ визуелно ја зголемил висината на првите две цртички на екранот за слабиот сигнал да изгледа помалку драматично.

Еден од најголемите гафови во историјата на „Apple“

„Antennagate“ е едно од најпознатите поглавја во историјата на компанијата. Иако „iPhone 4“ бил фален поради дизајнот, останал запаметен по проблемот со сигналот којшто долго го нарушувал неговиот изглед.

Откривањето на реалната причина покажува колку мала софтверска грешка може да предизвика глобален скандал и да го создаде еден од најпознатите моменти во историјата на паметните телефони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk