[ФОТО] Малиот Мени од серијата „Modern Family“ денес изгледа целосно поразлично: Се повлекол од јавноста, има милиони и не би го препознале на улица

Супермен

21/10/2025

10:04

1.338

Големина на фонт

а а а

Рико Родригез, некогашниот мал Мени од „Modern Family“, денес е 27-годишно момче со богата кариера, приватен живот далеку од очите на јавноста и статус на еден од највлијателните тинејџери на своето време.

Рико кај публиката остана запаметен како симпатичниот Мени Делгадо, а тешко е да поверуваме дека сега има 27 години. Во серијата влегол на само 10 години, а денес е речиси невозможно да го препознаете, има брада и долга, кадрава коса.

Неговата актерска кариера му донела и значајна финансиска сигурност, па се проценува дека денес вреди околу 12 милиони долари. Пред точно 10 години, угледниот магазин „Time“ го сместил на листата 25 највлијателни тинејџери.


Интересно е тоа што актерството на почеток воопшто не го интересирало, но кога слушнал за ликот на Мени, веднаш го освоил. Во првите сезони на серијата заработувал 75.000 долари од епизода, а таа бројка подоцна се зголемила на 125.000 долари.

Во серијата неговата мајка ја глуми атрактивната Софија Вергара, а татковската фигура ја толкува легендарниот Ед О’Нил.

Хемијата со колегите не останала само пред камерите, тие и приватно останале блиски: редовно се слушаат, се дружат и меѓусебно се поддржуваат.

Иако пораснал пред камерите, Рико својот личен живот го чува подалеку од очите на јавноста. Никогаш јавно не претставил девојка, ниту бил дел од некои романтични скандали, што е вистинска реткост за млада ѕвезда од негов калибар.


Неговиот љубовен живот останува тајна што дополнително ги поттикнува љубопитните обожаватели да мислат на тоа.

Тој особено е поврзан со своето семејство, а најголема потпора му била неговиот татко Рој којшто починал во 2017 година. Рико често објавува емотивни пораки во негов спомен и покажува колку му значел.

Интересно е што е голем фан на „WWE“ борење, а еднаш изјавил дека му е сон да стане коментатор на таквите борби.

Уште како тинејџер тој ја напишал автобиографската книга „Reel Life Lessons… So Far“ во која ги споделил искуствата од снимањата и лекциите кои ги научил како детски актер.

Иако моментално не се занимава со актерство, повремено учествува на мини-проекти, додека пак останатиот дел од времето се посветува на себеси и луѓето кои му се многу важни.

На социјалните мрежи е активен, но умерено, главно споделува семејни моменти и позитивни пораки.

Рико можеби се повлекол од центарот на внимание, но останал во срцата на публиката која со него растеше гледајќи „Modern Family“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk