Каде се живее најдобро како странец според трошоците за живот? Европа ја нема на мапата

Супермен

21/10/2025

19:26

828

Големина на фонт

а а а

Со растечките трошоци за живот и глобалната економска несигурност, селењето во странство станува начин со помалку пари да се живее поквалитетно, а Виетнам веќе петта година по ред е најповолната земја за странци.

Виетнам убедливо е најпријателската земја за странците, рангирана на првото место од 46 дестинации во т.н. индекс на лични финансии, според студијата на „Expat Insider“ за 2025 година која ја спровела „Inter Nations“, онлајн платформата и глобална заедница за иселеници.

Студијата која ја спровеле од 2014 година, собирала увиди од повеќе од 10.000 иселеници кои претставуваат 172 националности кои живеат ширум светот, известува „CNBC“.


Најпристапните земји

Азиските земји доминираат на листата кога станува збор за пристапни лични финансии за иселениците, а пет од 10-те најдобри земји се од југоисточна Азија: Виетнам, Тајланд, Индонезија, Филипини и Малезија.

„Во споредба во 2024 година, девет од десет најдобри земји ја задржуваат титулата. Само Малезија (на деветтото место) е нова, се искачила од 11 место минатата година“, се наведува во извештајот.

Забележливо е дека ниту една европска земја не се нашла на листата.

Погледнете ја целосната листа:

1. Виетнам;
2. Колумбија;
3. Панама;
4. Кина;
5. Тајланд;
6. Индонезија;
7. Филипини;
8. Мексико;
9. Малезија;
10. Бразил.


Во Виетнам 89 отсто од имигрантите се задоволни

Учесниците од анкетата биле замолени да го оценат своето задоволство со финансиската ситуација, со општите трошоци за живот и дали нивните расположливи приходи за домаќинството се доволни за водење удобен живот во земјата. Одговорите биле комбинирани за да се направи индекс на лични финансии.

Во Виетман 89 отсто од испитаниците биле задоволни со вкупните трошоци за живот, додека пак 87 отсто рекле дека нивниот расположлив приход за домаќинството е доволен или повеќе од доволен за удобен живот, во споредба со 40 отсто и 69 отсто на глобално ниво, според извештајот.

Во Колумбија поголем дел од испитаниците рекле дека расположливиот приход им е доволен за удобен живот, 92 отсто (во споредба со 69 отсто на глобално ниво). Исто така, ниту еден иселеник во земјата не ги навел трошоците за живот како главна грижа за селење, што е спротивно со глобалниот просек од 21 отсто.

Во меѓувреме, Панама е особено популарна меѓу пензионерите, 35 отсто од оние кои таму се преселиле веќе биле во пензија во тоа време, во споредба со само 11 отсто на глобално ниво, покажуваат податоците.


Најмалку пристапни земји

Подароците од компанијата „Inter Nations“ исто така откриле кои земји биле најмалку пристапни за иселениците во 2025 година.

Погледнете ја листата:

1. Канада;
2. Обединето Кралство;
3. Финска;
4. Турција;
5. Катар;
6. Сингапур;
7. Јужна Кореја;
8. Ирска;
9. Австралија;
10. Норвешка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk