Врската која постои помеѓу мажот и неговиот часовник е слична на онаа кој тој ја има со својот автомобил...
Мажите сакаат мода и трендови, па поради тоа сакаат да ги поседуваат и да ги носат најмодерните и технолошки најнапредните часовници. Секако, ова посебно важи за Холивуд, каде некои од најскапите модели на часовници можете да ги видите практично насекаде.
Во продолжение, Ви ги претставуваме омилените часовници на дел од познатите мажи:
Со обѕир на тоа што практично сите негови улоги се дел од акциони филмови, не нè изненадува неговиот избор, кој е во совршен склад со нив. Тој поседува Bremont часовник, кој е дело на британскиот бренд, познат по отпорните дизајни. Факт е дека овој бренд е еден од водечките на пазарот, како и тоа дека нивната поврзаност со авијацијата е причина поради која Круз го одбрал токму нивниот модел. Часовникот кој Том Круз го носи чини “само” пет илјади долари.
Леонардо Ди Каприо – Tag Heuer
Поради успешните филмски остварувања и достигнувања на големото платно, Ди Каприо е еден од амбасадорите на брендот Tag Heuer. Него често можеме да го забележиме со моделот Tag Heuer Carrera Chronograph околу рачниот зглоб. Во споредба со останатите модели на часовници кои познатите ги носат, неговиот може да се нарече скромен. Tag Heuer е еден од премиум брендовите, со многу ценета репутација.
Ашер е познат по својот одличен изглед каде и да се појави, а во тоа голем удел играат и моделите на часовници кои тој ги носи. Тука на сцена настапува брендот Rolex и прочуениот модел Roxel Milgauss кој Ашер обожава да го носи. Тоа не нè изненадува, земајки го предвид фактот што од страна на Форбс, Rolex е прогласен за 57. најмоќен бренд во светот.
Брендот Tag Heuer уште еднаш докажа дека знае да ги избере своите амбасадори. Токму како и Ди Каприо, Бред Бит на својот зглоб често го носи моделот Carrera, кој е еден од најпопуларните часовници на овој бренд поради целокупниот луксузен изглед.
Роберт Дауни Џуниор – Jaeger LeCoultre
Без разлика дали се работи за Iron Man или Шерлок Холмс, Дауни Џуниор е еден од омилените личности во Холивуд. Кога се во прашање модните детали односно часовниците, Роберт Дауни секогаш останува верен на својот бренд - Jaeger LeCoultre. Соработката на познатиот актер со овој бренд започна во текот на претставувањето на Iron Man франшизата, кога можевме да забележиме повеќе различни часовници на неговиот зглоб во текот на секое промотивно појавување.
Токму како и Роберт Дауни Џуниор, и Траволта е со децении дел од актерскиот бизнис, па логично е што нè интересира каков часовник носи тој. Џон Траволта се поврзува со брендот Breitling, кој често соработува со познати имиња, а слободно може да се каже и дека е еден од најдобрите брендови во часовничарската индустрија. Исто така, тие често соработуваат и со бројни познати брендови како што е Bentley, што е уште еден доказ за луксузноста и екслузивноста на оваа компанија.