Седум генијалци и нивните познати брендови во кои никој не верувал

Точка

05/01/2018

15:03

5.678

Големина на фонт

а а а

Тешко е да се замисли, но повеќето најголеми корпорации кои денес го “поседуваат” светот, настанале во мали гаражи во соседството.

Сајтот “Bright Side” дознава какви почетоци имале денешните најуспешни корпорации и кои се луѓето кои се заслужни за тоа. 

YouTube

Чед Харли, Стив Чен и Џавед Карим станале пријатели во 2005-та година додека работеле за “PayPal”. Една вечер, Чед и Стив биле на забава на која Џавед не можел да присуствува, а споделувањето на видео снимка со него било исклучително тешко. Ова бил првиот чекор кон создавање на “YouTube”, кој денес брои милијарда корисници, што е речиси третина од сите корисници на Интернет.


Nike

Недостатокот на евтини патики во американските продавници довело до тоа Фил Најт да започне да порачува патики од Азија и да ги продава во САД. Во 1965 година, тој ја именувал својата компанија “Nike” (според божицата на победата) и започнал со сопствено производство. Познатиот обликуван ѓон за прв пат бил направен со тостер за вафли. Набрзо потоа, компанијата поседувала 50 отсто од американскиот пазар, а денес “Nike” е број еден во спортската индустрија.

IKEA

Продавал божиќни честитки, печурки и бобинки, но во својата 17-та година, шведското момче по име Ингвар Компард ја основал “IKEA” (името е составено од неговите иницијали, името на фармата и селото). Тој започнал од идејата да го продава мебелот во делови т.е. во расклопен облик, а подоцна таа идеја му овозможила милион други комбинации. Денес, “IKEA” има над 400 продавници ширум светот.


Instagram

Кевин Систром ја обожувал фотографијата и може да се каже дека бил опседнат со неа. По третата година на Стенфорд, тој заминал за Фиренца да студира фотографија, а таму добил филмска камера која прави ретро фотографии. Токму ова го инспирирало Систром да создаде сервис кој ќе прави ремек-дела од лошите фотографии. “Instagram” за прв пат се појави на 6-ти октомври 2010 година, а подоцна во 2012 година е купена од страна на “Facebook” за милијарда долари.

Lego

Оле Кирк Кристијансен, столар од Данска, во 1932 година банкротирал, станал вдовец и останал сам со 4 деца. Со цел да го одржува позитивниот дух, тој започнал да им прави играчки на своите деца, а потоа и да продава некои од нив. Името Лего потекнува од данската фраза “leg godt”, што значи “играј си добро”. Оле подоцна успеал да отвори и продавница, a вистинскиот успех го доживеал во 1954 годинa.


Zara

Во 1975 година, шпанскиот кројач Амансио Ортега бил на прошетка со својата девојка, кога проаѓајќи покрај еден излог забележал прекрасен пењоар. Меѓутоа, тој бил неверојатно скап, а тоа го натерало Ортега да започне да прави уникатна, но евтина долна облека. Денес, Амансио Ортега е на четвртото место на Форбсовата листа на најбогати луѓе во светот.

Kinder Surprise

Во 1940 година, Пјетро Фереро почнал да произведува слатки во една мала пекара. Преку своите успешни експерименти, тој многу брзо се прославил низ Италија, a набрзо и низ целиот свет. Инспириран од италијанските велигденски традиции, Пјетро заедно со неговите помошници ги создал “Kinder Surprise” – чоколадни јајца со изненадување.

Денес Фереро е водена од неговите синови, а оваа компанија произведува многу популарни производи како Нутела, Фереро Рошер, Рафаело, Тик Так и многу други.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk