Автомобилска колекција: Што вози најконтроверзниот австралиски тајкун?

Точка

19/02/2018

12:47

5.787

Големина на фонт

а а а

Многумина честопати се прашуваат зошто богатите и познатите личности купуваат скапоцени автомобили, а потоа постојано ги држат во своите гаражи.

Судејќи по сè, со големиот број на возила, личноста ужива и подобар углед. Автомобилите станаа своеврсни статусни симболи кои се видливи во гаражите на познатите личности. 

Од друга страна, постојат милионери и милијардери кои ги гледаат автомобилите како сликички и истите ги купуваат во голем број, со желба да го поседуваат секој специјално произведен модел.


Колекциите на автомобили на бројните познати личности се едноставно неверојатни и вредат многу повеќе од буџетот на една држава со средна големина.


Уште еден човек кој со право е на листата на милијардери со луди автомобилски колекции е контроверзниот тајкун, Тревор “Кендимен” Бејнон, кој со своите обожаватели ја споделил колекцијата од скапоцени и егзотични спортски автомобили.


Неговата автомобилската колекција, меѓу другото, содржи и позлатен Lamborghini Aventador, црвено Ferrari, два Rolls Royce модели, Bentley, Mercedes G-Wagon и незаобиколното Porsche.


Инаку, Бејнон е директор и наследник на тутунската империја FreeChoice, а пред да стигне до таа позиција, тој бил машки модел и фудбалер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk