Светиот грал на генетскиот инженеринг: Сите луѓе родени по 1970 година ќе станат бесмртни

Точка

27/02/2018

16:17

5.892

Големина на фонт

а а а

Со помош на генетскиот инженеринг, научниците ќе бидат во состојба да ја продолжат очекуваната старост со забавување на стареењето на клетките или дури подмладување на истите.

Староста и смртноста наскоро би можеле да бидат минато, барем ако можеме да му веруваме на еден од водечките светски футуролози, д-р Ијан Пирсон. 

Тој предвидува дека науката до 2050 година толку ќе биде напредна, што луѓето ќе бидат во состојба да ги надживеат ограничувањата на своите тела. Со помош на генетскиот инженеринг, научниците ќе бидат во состојба да ја продолжат очекуваната старост со забавување на стареењето на клетките или дури подмладување на истите.


Од друга страна, напредокот во подрачјето на технологијата односно вештачката интелигенција ќе доведе до развој на механички тела во кои ќе се пренесува човековата свест откако нивните биолошки тела ќе умрат.

Како што вели д-р Пирсон, луѓето отсекогаш сонувале за вечен живот, а дури сега влегуваме во доба во кое технологијата е доволно созреана за тоа да се оствари.


“До 2050 година, таквата технологија ќе им биде достапна на богатите и славните, а веќе 10-15 години подоцна ќе може да си ја приушти секој припадник на средната класа”, објаснил тој.

“Доколку сте помлади од 50 години, шансите за вечен живот се прилично големи. Доколку сте помлади од 40 години, таквата технологија со сигурност ве очекува во иднина”, вели познатиот футуролог.


Со оглед на тоа што ќе постои можност нашиот ум да биде “прикачен на сервер”, луѓето ќе можат да комуницираат со помош на своите мисли, а нивната свест ќе може да патува речиси во истиот момент во било кој дел од светот.

Како навистина ќе изгледа иднината, никој не знае, но едно е сигурно – таа ќе биде возбудлива, но воедно и застрашувачка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk