Од син на фармер до крал на кокаинот: Еве што сè поседувал Пабло Ескобар

Точка

01/03/2018

12:12

5.486

Големина на фонт

а а а

Пабло Ескобар бил син на сиромашен колумбиски фармер, но до 35-та година, тој станал најбогатиот човек на светот.

Ескобар го надминал секој нарко-бос во историјата, а на тој пат правел многу чудни работи. 

Роден е во Рионегро, Колумбија, во 1949 година. Татко му бил фармер, а мајка му работела како учителка. Пред да загосподари со пазарот на наркотици, Ескобар крадел и продавал автомобили.


Во 80-тите години на минатиот век, неговиот картел заработувал 240 милиони долари неделно, односно 22 милијарди долари годишно. Благодарение на огромното богатство, тој седум години по ред бил на листата на “Форбс” на најбогати луѓе на светот.

До крајот на 80-тите, неговиот кокаин сочинувал 80% од светскиот пазар на дрогата, а секојдневно во САД испраќал по 15 тони дрога.

Не штедел ни на својот луксуз. На својот екстравагантен имот во Пуерто Триунфо, Ескобар изградил и приватна зоолошка градина во која чувал жирафи, нилски коњи, слонови и други животни. Тие години, властите му одзеле огромна флота која вклучувала 142 авиони, 20 хеликоптери, 32 јахти и 141 недвижнини.


Ескобар бил одговорен за убиство на околу 4000 луѓе, вклучувајќи и околу 200 судии и 1000 полицајци, како и новинари и владини портпароли.

На 27 години, Пабло се оженил со Марија Викторија Хенао, која во 1976 година имала само 15 години. Со неа добил две деца. Кога Ескобар бил во бегство со своето семејство, неговата ќерка Мануела се разболела, а тој запалил два милиони долари само за да ја згрее.

Купил авион со цел да може да ги пренесе своите пари, а кокаинот го криел во гумите. Пилотите за ваквото криумчарење на дрога можеле да заработат и до половина милион долари на ден.


Со цел да влијае на измената на законот за екстрадиција, Ескобар понудил да го отплати јавниот долг на Колумбија, кој тогаш се проценувал на 10 милиони долари. Месечно трошел околу 2500 долари на гумени ластици со кои ги врзувал парите.

Во богатата колекција на авиони, хеликоптери и бродови, Ескобар имал дури и две подморници во кои го криумчарел кокаинот до Америка.

И покрај сè, тој им помогал на сиромашните, па затоа го добил и прекарот “Робин Худ”. Донирал пари во цркви и болници и градел паркови и фудбалски терени.


Најголемиот страв на Ескобар била неговата екстрадиција. Тој не сакал да го помине својот живот во американски затвор. Своето богатство го искористил за да влезе во колумбискиот конгрес.

Убиен е на 44-годишна возраст. Поединци шпекулираат дека се самоубил бидејќи бил опкружен со специјалци. На неговиот погреб во Меделин присуствувале околу 25.000 сиромашни луѓе на кои Ескобар со години им помагал.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk