И понатаму се браќа, но не се близнаци: По враќањето од вселената, астронаутот го дочекало шокантно изненадување

Точка

15/03/2018

16:24

7.194

Големина на фонт

а а а

Астронаутите Марк и Скот Кели биле потполно идентични во моментот кога Скот заминал на едногодишна мисија во вселената, меѓутоа тие денес се разликуваат во поглед на гените.

Новите резултати од студијата која била вршена врз астронаутите покажуваат дека 7 отсто од гените на Скот останале променети, две години по враќањето на Земјата. 

Научниците проучувале што сè се случува со близнаците пред мисијата, во текот на мисијата, но и по нејзиното завршување. Тие имале и одличен пример за споредба бидејќи неговиот брат близнак останал на Земјата во текот на оваа мисија.

Кели на својот Твитер профил објавил дека не ги знаел новите резултати сè до оваа недела, кои ги потврдува и првата анализа на студијата.

“Што? Мојата ДНК се променила за 7%! Кој би знаел?”, напишал Скот, кој шеговито додал дека повеќе не мора да го нарекува Марк идентичен близнак.

НАСА наведува дека 340-дневниот престој во орбитата го активирал она што тие го нарекуваат “вселенски гени”.

Како што опишуваат научниците, физичкиот стрес кој телото го доживува при патување во вселената може да предизвика промени во биолошкиот пат на клетките и може да создаде создавање на нови молекули, како маснотии или протеини. Исто така, патувањето може да активира или исклучи гени кои можат да ги променат функциите на ќелиите.

Научниците истакнуваат дека овие долготрајни промени во организмот на Скот Кели се поврзани со имунолошкиот систем, формирањето на коскеното ткиво, како и хипоксија и хиперкапнија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk