Необичните домашни миленици на Ескобар ѝ создаваат проблеми на Колумбија и по 25 години од неговата смрт

Супермен

26/04/2018

16:30

6.141

Големина на фонт

а а а

По повеќе од 25 години од смртта на Пабло Ескобар, колумбиските власти и понатаму се борат со наследството на некогаш моќниот крал на дрогата.

Овој пат, главоболка им создаваат нилските коњи кои тежат околу три тони, а ги има во бројка од 50 до 60. 


Во осумдесеттите години на 20-тиот век, лидерот на нарко-картелот Меделин прошверцал четири нилски коњи од зоолошката градина во Калифорнија и ги довел на својот имот кој се наоѓал 250 километри северозападно од Богота.

Покрај жирафите, слоновите и тигрите, и нилските коњи го пронашле својот нов дом. Тие живеат на оваа територија до ден-денес и потполно ја присвоиле истата.


Кога картелот Меделин бил разбиен кон почетокот на 90-тите години на минатиот век, имотот бил ставен под контрола на државата, а животните од приватната зоолошка градина на Ескобар биле преместени, со исклучок на нилските коњи кои се криеле во езерото на имотот.

Многу години подоцна, властите ги забележале животните бидејќи во меѓувреме тие се размножиле. Додека еден дел од нив останале на имотот, кој делумно е претворен во тематски парк, повеќе од десет нилски коњи и понатаму живеат во дивина и претставуваат опасност за населението и екосистемот.


Властите на Колумбија не знаат како да се справат со нив. Контролираниот лов е забранет под притисок на борците за заштита на околината, а средствата за контрола на видот биле доволни за кастрација на пет мажјаци.

Активистите за заштита на животната средина веруваат дека преселувањето во зоолошка градина е единственото решение. Благодарение на љубовта на Ескобар кон овие животни, Колумбија денес, по Африка, се наоѓа на второто место во светот по бројот на нилски коњи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk