За новата Toyota Ви се потребни личен шофер и 15.000 евра, новата супер луксузна лимузина е во продажба

Супермен

22/06/2018

16:50

3.621

Големина на фонт

а а а

Toyota Century изгледа како јапонски Rolls Royce, па дури и цената на овој модел е во склад со неговиот изглед. Автомобилот чии сопственици се лица кои најчесто се возат на задното седиште додека зад воланот седи личниот шофер, тешко е да се доведе во врска со брендот како Toyota, кој е познат по масовното производство на пристапни патнички возила за средната и ниската класа.

Меѓутоа, Century не е обична Toyota. Овој модел е замислен како лимузина и нешто слично на автомобилот Rolls Royce. На саемот за автомобили во Токио во 2017 пристигна новата генерација на супер луксузни лимузини Century. 


Неодамна во Јапонија започна продажбата на овој автомобил и тоа по цена од 19.600.000 јени или околу 15.000 евра.

За разлика од бестселерите на Toyota, како што се Corolla, Camry или RAV 4, кои годишно во светот се продаваат во стотици илијади единици, јапонскиот производител планира на домашниот пазар месечно да произведе 50 примери од лимузината Century.


Новата генерација на овој модел е уште полуксузна и пространа од претходните. Кабината е опремена со аудио систем до 20 звучници распоредени по целата внатрешност на возилото, како и електрична завеса која им дава целосна приватност на патниците за време на возењето.


Звучната изолација е на највисоко ниво, а вибрациите се максимално намалени. Автомобилот има и електронско контролирано воздушно наслонување кое на патниците им гарантира врвен комфорт и удобност. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk