Пет митови за стомачните мускули во кои сите веруваме

Супермен

03/07/2018

10:42

2.990

Големина на фонт

а а а

Сигурни сме дека сите мажи сакаат извајани стомачни мускули, но за тоа треба добро да се намачите. Токму тоа е причината поради која кружат многу приказни и митови.

Вежбите за стомачни мускули се едни од најчестите и најпопуларните вежби само затоа што тешко се постигнува затегнатиот стомак. 

Во продолжение, погледнете неколку неточни митови за стомачните мускули во кои се' уште се верува.

Некои мажи се родени со стомачни мускули

Точно е дека некои мажи се родени со брз метаболизам и не се дебелеат толку нагло, но факт е дека секој маж има стомачни мускули, но тие не се познаваат поради слојот на сало. Тоа значи дека секој маж може да има стомачни мускули само доколку се потруди да ги добие.


Исхраната не е важна, тренингот е поважен

Ова е потполно неточно - можете да правите и по 5000 повторувања за стомачни мускули, но доколку се храните неправилно, вашиот стомак и понатаму ќе остане опуштен.

Класичната вежба за стомачни мускули е доволнa

Иако ова е навистина добра вежба, таа не е доволна за зацврстување на стомакот. Потребни се многубројни стимулации со цел правилно да ги активирате мускулите.


Брзиот тренинг е подобар

Некои сметаат дека е подобро доколку направат 1000 повторувања за 10 минути, но тоа не постигнува никаков ефект. Потребен е голем број на повторувања со цел да се активираат стомачните мускули, но брзината тука не игра никаква улога.

Не треба да ги вежбате стомачните мускули секој ден

Иако паузата од тренингот е потребна, стомачните мускули се исклучок. Вежбите за стомачни мускули можете да ги правите секојдневно, но во умерена доза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk