Глумецот Силвестер Сталоне (72) моментално престојува во Франција која ја одбра како идеална дестинација за летување и одмор. Тој е на одмор со својата сопруга Џенифер Флавин (49) и ќерките, а обожавателите ја искористија секоја прилика да му пријдат на глумецот.
"Ништо не е подобро од семеен одмор", напишала Џенифер под фотографијата од одморот.
Во знак на добредојде, во еден ресторан му пријде група на фанови кои во тој момент имале и американско знаме. Вниманието очигледно му прилега на Сталоне, па на фановите и гостите во ресторанот им ги исполнуваше желбите и позираше пред објективот.
Глумецот во Франција престојува на јахта со сопругата, ќерките Софи, Систин и Скарлет.
Неговите ќерки повремено ќе ги израдуваат следбениците на Инстаграм со некоја семејна "фотка" и од дестинацијата каде одмараат, но и завидната фигура која ја наследиле од нивната мајка која е поранешен модел.