"Кое е ова кретенче до тебе?": Мекгрегор го исмеа противникот на Мејведер, Јапонецот му врати во негов стил

Супермен

07/11/2018

16:46

2.873

Големина на фонт

а а а

Непоразениот боксерски ас Флојд Мејведер неодамна го изненади светот со објавата за борбата против јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава на 31-ви декември.

41-годишниот Мејведер отпатувал во Токио поради промоцијата под закрило на Ризин, а "стариот пријател" на Флојд, Конор Мекгрегор, ја искористил оваа ситуација за да му се потсмее на својот Инстаграм профил. Ирецот објавил една од фотографиите од промоцијата и во описот му се обратил на Флојд во негов стил, со вулгарности, пцовки и политичка некоректност. 

"Дали тоа е тренерка или облека за во сауна? И кое е ова кретенче покрај тебе? Изгледате како да сте излегле од "Rush Hour 5" или така нешто. Крис Такер и е*бениот Џеки Чен се враќаат", напишал Конор помеѓу останатото.

По ваквата објава, Насукава му одговорил на Конор онака како што Јапонците знаат, а многумина го оценија ваквиот коментар како "генијален".

"Поздрав, г-дине Мекрегор. Моето име е Теншин Насукава. Јас не сум Џеки Чен. Ветувам дека ќе го осветам вашиот пораз, па затоа ве замолувам да ја гледате борбата", напишал кикбоксерот на својот Твитер профил.

Минатата година, Конор Мекгрегор изгуби од Флојд Мејведер во рингот. На Мејведер тоа му беше 50-та професионална победа, која ја заокружи со совршен професионален резултат.

Борбата со Теншин ќе биде поинаква. Се уште не е одредено според какви правила ќе се одвива, но сигурно е дека таа ќе биде хибридна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk