Ново истражување покажа дека луѓето користат Јутјуб за да научат како да прават нови работи

Супермен

08/11/2018

16:32

1.297

Големина на фонт

а а а

Според новото истражување Pew Research Centra половина од Јутјуб корисниците оваа платформа ја користат да научат како да прават нови работи.

За потребите на ова истражување во 2018 година биле испитани 4.594 Американци, а 51% рекле дека го користат Јутјуб за да научат нови работи. Истражувањето се однесува и на регистрираните и нерегестрираните корисници. 

Како да се врзе кравата, како да се направи нешто во програмите Premiere или Photoshop и како да се направи некое јадење се само од најчестите пребарувања на Јутјуб.


Сепак, едукацијата не е единствената причина поради која луѓето го користат Јутјуб. Дури 28 % од корисниците оваа платформа ја користат со цел побрзо да им помине времето, а 19 % за споредба додека купуваат некои производи, а 19 % само да дознаат што се случува во светот.

Поради сериозните проблеми кои ги имаат со теориите на заговор и дезинформациите, изгледа дека Јујтјуб не е најдобар извор за вести, но сепак новите генерации кои пораснале во технолошкото време, информациите главно ги добиваат од оваа платформа.

"Блиску 23 % од корисниците кои го посетуваат Јутјуб неколку пати дневно и 19 % од корисниците кои страницата ја отвараат еднаш дневно велат дека оваа платформа им помогнува подобро да ги разбираат настаните во светот. Без оглед на важноста и ажурираноста на оваа платформа, блиску 64 % од испитаниците рекле дека понекогаш гледаат лажни видео записи, а 60 % од нив рекле дека налетуваат на објави кои содржат насилно однесување, а 11 % од нив велат дека налетуваат на навредлива содржина на оваа страница", се резултатите од ова истражување.


Ова истражување покажа дека Јутјуб многу им помага и на родителите. Според резултатите, 81 % од родителите им дозволуваат на децата да гледаат видео записи на Јутјуб, а 34 % од родителите им дозволуваат на своите деца редовно да користат Јутјуб.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk