Потресна објава на Џастин Бибер: “Не сум добро, молете се за мене”

Супермен

11/03/2019

10:13

6.851

Големина на фонт

а а а

Џастин Бибер им се обратил на своите обожаватели со емотивна објава во која открил дека не се чувствува добро и ги замолил да се молат за него.

“Само сакав да ве известам за тоа што се случува, со надеж дека моите зборови ќе допрат до вас. Многу страдам. Се чувствувам неповрзано и чудно... Секогаш се враќам и затоа не се грижам, но само сакав да допрам до вас и да ве замолам да се молите за мене. Бог е верен и вашите молитви навистина делуваат, благодарам”, напишал Бибер на својот Инстаграм профил. 

Фановите во коментари не престануваат да пишуваат пораки за поддршка и му порачуваат дека го сакаат. Исто така, многумина напишале молитви за пејачот и во коментари.

Објавата за неколку часа ја лајкнале повеќе од 4 милиони луѓе. Американските медиуми во последните месеци пишувале дека Џастин боледува од депресија и дека и претходно се лекувал поради тоа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk