Носталгија на четири тркала: VW објави враќање на легендарното “баги”

Супермен

18/03/2019

14:38

1.601

Големина на фонт

а а а

Volkswagen на авто салонот во Женева ја претстави модерната инкарнација на познатото рекреативно возило кое беше популарно пред половина век.

За разлика од оригиналниот модел кој имаше класичен мотор со внатрешно согорување, современата верзија – наречена ID Buggy, за погон користи електрична енергија. Концептот VW ID Buggy со својот дизајн потсетува на “багито” од компанијата Meyers Manx, кое се појави во 60-тите години на минатиот век. 


Како што се очекува од едно теренско возило од овој тип, модерното “баги” има специјални пневматици BFGodrich за возење надвор од асфалтот и заштитен рол-бар во случај на превртување, додека растојанието од тлото изнесува 238 милиметри.

Volkswagen го конструираше овој концепт така што постоечката каросерија може лесно да се отстрани, што остава многу можности за разновидни надоградби во зависност од потребата и желбата на корисникот. Материјалите во кабината се целосно водоотпорни со оглед дека ID Buggy нема покрив, ниту пак прозорци па затоа е изложен на “милост и немилост” на атмосферските влијанија.


Како и останатите концептни возила на електрична енергија од фамилијата ID, и Buggy е поставен на MEB механичка платформа, развиена за автомобили со електричен погон. За складирање на електрична енергија се користат литиум-јонски батерии со капацитет од 62 kWh, кои ги напојува електромотор од 204 коњски сили и 309 Nm.

ID Buggy од 0 до 100 км/ч. забрзува за 7,2 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 160 км/ч. Концептот има само заден погон, но германскиот произведувач оставил опција за надоградба на уште еден електромотор напред, со што би се добил погон 4х4, а вкупната комбинирана сила би изнесувала 408 коњски сили.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk