"Ми се допаѓа": Таа има 18 години и е четврта година средно - а почнала да работи во порно индустријата

Точка

08/05/2019

22:03

13.205

Големина на фонт

а а а

Статијата на училишниот весник "Bear Creek High" од Калифорнија кренала многу прашина во американските медиуми.

Се расправало за слободата на говорот, се вклучиле и надлежните институции, а причина е темата - приказна за 18-годишно девојче од 4-та година средно, кое одлучило да стане дел од порно индустријата. 

Нејзиното име е Кејтлин Финк. Во спорната статија "Ризична работа: Старт на кариера во индустријата за возрасни", ги објавила своите мотиви за влезот во светот на индустријата за возрасни. Како што рекла, го напуштила својот дом по Нова година. За да плати кирија, сметки и храна, почнала да продава свои голи фотографии.

"Кога почнав да продавам свои голи фотографии, тоа беше само поради пари. Но, потоа ми се допадна вниманието кое го добивав. Ме нарекуваа убава. Уживав во тоа, бидејќи поради тоа се чувствував добро", објаснила тинејџерката.

Набрзо почнала одлично да заработува и тогаш одлучила да ангажира агент. Како што вели, се сеќава дека била многу возбудена кога сфатила дека ќе работи професионални сцени за познатиот порно сајт "Pornhub".

На секои две недели одела на задолжителни крвни тестови за да може да снима секс-сцени, но и било кажано дека мора да го среди проблемот со акните, бидејќи камерата ги фаќа сите детали. Токму поради тоа било откажано снимањето на првиот професионален порно филм.

Бидејќи уште не заработила ништо на сајтот, се вработила како перач на садови за да може да се издржува. Сепак, средношколката нема намера да се откаже од порно кариерата, рекла во разговор за "CBS13".

"Ми се допаѓа позитивното внимание кое го добивам", изјавила таа, додавајќи дека би сакала да биде стриптизерка и модел.

Нејзината исповед кренала голема прашина во САД. Статијата во училишниот весник ги заинтересирала и окружните власти, кои изразиле загриженост дека нејзината објава ги крши правилата за пристојност.

Тие според зборовите на советникот на училишниот весник, професорката по англиски јазик Кети Дуфел, барале да ја прегледаат и одобрат статијата, што таа одбила повикувајќи се на правото на слободен говор. Уследила закана со отказ од нејзина страна и обвинение за цензура, а на крајот во случајот се вмешале и адвокати.

Статијата на крајот била објавена и станала вест во сите американски медиуми, а главната ѕвезда зборувала и за други медиуми за својот животен избор и ја бранела статијата велејќи дека тоа не треба повеќе да биде табу тема.

"Актерите во филмовите за возрасни не се само објекти, тие се реални луѓе. Тие имаат чувства, имаат цели, мотивација", изјавила 18-годишната девојка.

Како што објаснила, ја прифатила статијата во училишниот весник за да се бори против предарасудите кои ја следат таа работа.

"Кога луѓето дознаа што работам, ги претпоставиле сите тие работи за мене, а јас помислив - па тоа не е вистина", изјавила таа.

Професорката Дуфел изјавила дека верува дека статијата не ја гламоризира порнографијата, но ќе им помогне на учениците критички да размислуваат за изборите кои ги носат во ова време од животот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk