Американски милијардер отплатил студентски долг на цела генерација

Супермен

21/05/2019

08:41

2.126

Големина на фонт

а а а

Околу 400 дипломци на колеџот Морхаус во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија, добиле неочекуван голем подарок за крајот на школувањето, бидејќи милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го отплати студентскиот долг на целата генерација во износ од 40 милиони долари.

Пред да го отплати долгот на студентите, овој технолошки инвеститор му донирал 1,5 милиони долари на колеџот.  

Морхаус е традиционално црнечки колеџ на кој студирале и борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг, познатиот режисер Спајк Ли и актерот Семјуел Л. Џексон.

“Студенти на колеџот Морхаус, опкружени сте со луѓе кои ви помогнаа денеска да бидете овде. Во име на осумте генерации на моето семејство, колку што сме во оваа земја, ќе ви дадам уште малку поттик”, изјавил милијардерот Смит кој бил главен говорник на церемонијата на дипломирање.

Тој во говорот порачал пред цела генерација дека целосно ќе им го исплати студентскиот долг.

“Знам дека оваа генерација ќе покаже дека сето тоа е исплатливо. И сакам секоја наредна генерација да личи на оваа, се надевам дека сите ќе имаат прилика да напредуваат бидејќи можеме да водиме грижа едни за други и да обезбедиме сите да имаме прилика да го оствариме американскиот сон”, изјавил Смит.


Се наведува дека студентите, од кои некои се должни и по десетина илјади долари, биле шокирани и среќни од ваквиот гест.

“Делува нереално. Кога на говорницата рече дека ќе нѝ ги отплати долговите, ги погледнав колегите и се прашав дали добро чув. Бев во комплетен шок, ова е најдобриот подарок кој некогаш сум го добил”, рекол еден од студентите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk