Пет работи кои не сте ги знаеле за Ники Лауда

Супермен

23/05/2019

14:47

5.088

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите и најпознатите шампиони во Формула 1, Ники Лауда, почина во понеделникот на 70-годишна возраст.

Ники пред неколку месеци имаше трансплантација на белите дробови по што беше на долго закрепнување, но во јануари 2019 година заврши во болница поради пневмонија. За жал, Лауда повеќе не можел да издржи и во понеделникот во доцните часови почина, опкружен со своето семејство. 


Ф1 шампионот ги има освоено титулите во 1975, 1977 и 1984 година и возеше на 171 трка за Марч, БРМ, Ферари, Мекларен и Брабам. Ќе остане запаметен како возач кој преживеа страотна несреќа во која за малку ќе настрадаше и поради која огромен процент од неговата кожа останала оштетена од пожарот.

За да се присетиме на неговата големина и генијалност, одлучивме да ви претставиме 5 факти кои веројатно не сте ги знаеле за Ники Лауда:

Заработувал милиони затоа што носел качкет

Поради својата несреќа во која ја оштети кожата на своето лице, Ники често носеше качкет кој подоцна стана негов заштитен знак. Поради тоа, многу компании му плаќале огромна сума на пари за да може да ги ставаат своите реклами на предниот дел од неговиот качкет.


Семејството не го поддржувало во тркањето

Ники потекнува од богата и моќна фамилија која не го поддржувала тркањето и таквиот вид на спорт. Тој со години се противел и бунел против своето семејство за подоцна да ги прекине сите контакти со нив и да тргне во остварување на своите соништа.


Не сочувал многу од своите трофеи

Лауда многу пати се качил на победничкиот подиум на кој зборувал како има преголем број на трофеи, па затоа многу од нив донирал, а некои дури и ги менувал за работи кои му се допаѓале.


Основал своја авио линија

Компанијата Лауда Ер е основана во 1979 година и постоела сè до 2013, кога ја купила Аустријан Ер.


Бил цимер со Џејмс Хант

Иако Хант и Лауда беа најголеми ривали во историјата на Формула 1, тие во приватниот живот станале многу блиски пријатели, па дури и еден период живееле заедно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk