И вашиот полов орган старее: Што се случува со интимните делови со текот на годините?

Супермен

19/06/2019

13:45

5.266

Големина на фонт

а а а

Како што старееме, не се менува само нашето лице туку и нашето тело. Брчките на лицето сведочат за нашите години, но стареењето не ги заобиколува ни нашите интимни делови, па така и пенисот и вагината стареат како што старееме ние.

Пенисот е дел од телото и старее подеднакво како и целото тело иако на мажите тоа понекогаш им звучи застрашувачки. Во зависност од тоа колку години имате сега, еве што се случува со вашиот пенис и тестисите.


Се намалува величината на пенисот

Телото се регулира со помош на тестостероните. Сигурно се сеќавате на пубертетот кога вашето тело обилно почнало да го произведува тој тестостерон и неговото ниво било исклучително високо од почетокот на пубертетот до раните 20-ти години.

Кога ќе наполните 40 години, тестостеронот значително се намалува, а тоа може да доведе до намалување на величината на пенисот. Доколку имате повеќе масти во пределот на стомакот над карличната коска - кожата почнува да “виси“, а со тоа прави пенисот да изгледа помал.

Немојте да паничите, затоа што вашата “гордост“ не може да се намали преку ноќ и колку повеќе сте здрави тоа шансите се поголеми да ја задржите истата величина на пенисот на која што сте навикнале. Некои мажи ја немаат таа среќа, па затоа пенисот почнува да им се намалува по недостатокот на колаген во кожата.

Пенисот може да се “искриви“

Има различни описи на пенис, некои од нив се во облик на банана или пиперка. Без оглед на тоа дали е прав или накривен, вашиот пенис може да се “искриви“ како што стареете. Оваа накривеност често е последица на Пајрониева болест кога ткивото се собира во пенисот. До ова доаѓа преку повреда при секс и обично ги зафаќа мажите кои се меѓу 40-та и 60-та возраст.


Може да имате проблеми со ерективна дисфункција

Импотенцијата ги погодува 50-55 отсто од мажите од 40-та до 70-та годишна возраст, но не е органичена на оваа старосна граница. Причините може да бидат различни, психички, физички или нивната комбинација.

Неможноста да доживеете ерекција одвреме-навреме е нормална појава и може да биде поради стрес, анксиозност или премногу алкохол. Доколку ви се случува често можно е причината да е хормонска, висок крвен притисок или лековите кои ги пиете.

Проблеми со еректична дисфункција може да доведат до ментални проблеми, но не сте сами во тоа. Пораговарајте со вашиот доктор и запознајте се со вашите опции.

Вашите тестиси може да се спуштат и да се намалат

Кога ќе ви опадне нивото на тестостерон тогаш се намалува и произведувањето на сперма па поради тоа се намалуваат и тестисите. Некои мажи забележуваат дека тестисите им се спуштени што се случува поради губењето на еластичноста на кожата, а на некои од мажите тестисите им се природно спуштени.

Може да правите посебни вежби за да го зајакнете овој дел од телото. Постојат и многу медицински причини кои можат да доведат до оваа состојба па затоа ве советуваме задолжително да посетите доктор.


Интимните влакна стануваат поретки и седи

Ова е само уште еден знак дека нивото на тестостеронот во вашето тело се намалува. Сега нема повеќе да мора да се депилирате.

Најголемите проблеми се оние кои се поврзани со болката на пенисот и тестисите или отечени гениталии. Било која промена која предизвикува непријатности е причина да се јавите кај доктор. Ќе ви биде од корист и да поразговарате со некој повозрасен маж и да видите низ какво искуство поминал тој. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk