Роби Вилијамс водел страшна психичка борба: Едвај се изборил со многубројните пореметувања, а во тоа му помогнале сопругата и една песна

Супермен

16/07/2019

10:27

3.343

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните пејачи, Роби Вилијамс, неодамна ја отворил душата и признал дека “не можел да стане од троседот“ три години поради агорафобија, односно страв од отворен простор.

Во периодот кога неговата состојба била најлоша, а кога бил препуштен на стравовите дека ќе се најде во ситуација од која нема излез, пејачот морал да се откаже од 15 милиони евра вреден договор со емисијата „Американски Идол“, во кој требал да биде во жирито наместо Сајмон Кауел.

„Моето тело и мојот ум ми кажуваа дека не треба да одам нигде и дека не треба да работам ништо. Ми кажуваа дека треба само да чекам - па буквално само седев и чекав“ - изјавил Роби.

„Бев агорафобичен од 2006-та до 2009-та година. Тоа се годините кои ги поминав покриен со ќебе, јадејќи чипс, пуштајќи брада и останувајќи внатре дома“ - додал тој.

Работите се промениле кога ја слушнал својата песна „Human by The Killers“ на радио, и кога зборовите на овој хит во целост се совпаднале со него.


„Понекогаш станувам нервозен кога ќе видам отворена врата“ - стиховите на оваа песна, а токму тие го поттикнале Роби да започне со терапија која набрзо му помогнала да се врати на сцена.

„Беше како да сум доживеал сообраќајна несреќа и после неа мораше да почнам повторно да одам“ - објаснил Роби.

„Не знаев што правам, не ми изгледаше ништо нормално“.

Агорафобија не е единственото пореметување со кое Роби се борел, тој исто така пател од телесна дисформија - состојба поради која личноста верува дека нешто недостасува кога станува збор за физичкиот изглед.

Ова пореметување тесно е поврзано со уште едно кое го погодило овој пејач - тој имал и пореметување со исхраната кое вклучувало прејадување во текот на ноќта.


Тој изјавил дека дури сега почнал да има самодоверба и дека се цени себеси малку повеќе, а открил и дека клучна улога во неговото закрепнување имала неговата сопруга Ајда Филд, која му помогнала да премине преку тешките ментални состојби и да се одвикне од наркотиците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk