Трамп лично осмислил своја луксузна лимузина, еве што нуди таа

Супермен

23/07/2019

09:48

2.960

Големина на фонт

а а а

Злато во големи количини, три телефони и подигнат заден дел од кровот се само дел од желбите на Доналд Трамп.

Долго пред да седне во Овалната канцеларија, Трамп обожувал да осмислува производи по свој вкус. Еден таков е и здружувањето со Cadillac и работа на развој на суперлуксузна лимузина. Биле произведени првите два од планираните 50 примероци на Trump Cadillac пред да биде завршен овој проект. Доколку се прашувате зошто проектот никогаш не бил целосно остварен, секоја страна нуди свој одговор, но апсолутно неважно бидејќи тоа се случувало во 1987 година. 


Затоа да се вратиме на автомобилот – драстично преработениот Cadillac Brougham на кој секој детаљ отишол во екстреми, освен моторот. Под хаубата се наоѓа 5.0 V8 класик со 150 коњски сили.


Останатото вклучува златни детали како што се клучевите, специјалното лого на моделот Trump Cadillac и подигнатата задна линија на кровот. Да, во право сте – Трамп барал повисок кров за неговата фризура во возењето да остане недопрена. Кабината, освен што изобилува со кожа, кадифе и злато, се одликува и со Blaupunkt музичка линија во природна големина, ТВ и видеорекордер и изобилува со простор за припрема на алкохолни пијалаци. Дрвото од роза, златото и кожата се подразбираат, како и волнените теписи и секогаш добредојдените завеси.


Автомобилот е буквално временска капсула од 1980-тите, а може да се најде како стандарден експонат во автомобилскиот музеј во Илионис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk