Викторија скришно го снимила Бекам како спие во кошула која чини како летување во хотел со пет ѕвезди

Супермен

27/08/2019

10:22

7.500

Големина на фонт

а а а

Додека “дремел“, Дејвид Бекам носел скапоцена кошула од брендот “Версаче“.

По одморот во Црна Гора, семејството Бекам моментално се наоѓа на југот од Франција, а таму уживале во некој ресторан заедно со пријателите Елтон Џон и Дејвид Фурниш.

Исто така Викторија и Дејвид биле на јахта со славниот музичар, а по “напорниот“ ден полн со активности, некогашниот фудбалер решил да отспие.

Додека Дејвид спиел, Викторија скришно го снимила, а снимката е објавена на Инстаграм. Тоа што е интерено е дека Бекам “задремал“ во скапоцена “Версаче“ кошула која чини колку едно летување, на пример во Грција или Турција, но во хотел со 5 ѕвезди.

Ова парче облека, според податоците кои се достапни на интернет чини 1.400 евра.

Погледнете ја снимката:

View this post on Instagram

?Morning mood #DavidBeckham #versace

A post shared by beckhamonly (@beckhamonly) on


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk