Исхраната која Мекгрегор го прави непобедлив: Сепак, постои една работа на која не може да ѝ одолее

Супермен

20/01/2020

14:23

6.341

Големина на фонт

а а а

За да се подготви за натпреварот кој убедливо го доби за само 40 секунди, Конор Мекгрегор и тоа како мора да внимава на својата исхрана.

Судејќи според фотографиите кои пред неколку месеци ги објави на социјалната мрежа Инстаграм, Конор е припадник на таканаречената „Sirt Food Diet“, која се основа на внесување голема количина зелен чај во организмот, темно чоколадо и цитрусно овошје.

Познатиот борач својот ден не може да го започне без кафе и признава дека истото го пие во големи количини и тоа најмногу „американското“ кафе (еспресо со топла вода).

„Сакам јајца за доручек. Протеините ми се многу важни за тренирањето за да можам да им помогнам на моите мускули да закрепнат. Затоа пијам многу протеински шејкови“ - вели и додава дека наутро штом стане прво пие две чаши вода затоа што хидрацијата е многу важна.

За доручек јаде омлет со многу зеленчук, а во текот на денот консумира голема количина овошје и квалитетно месо.

„Не јадам брза храна, не јадам ништо од тоа. Јадам само квалитетно месо, квалитетен зеленчук, јаглени хидрати како компир, и тоа е тоа“ - изјавил Конор.

Сепак ниту големиот Мекрегор не е толку безгрешен. Тој признава дека има едно нешто на кое не може да му одолее.

„Обожувам благо па често посегнувам по него доколку некој ми донесе пакетче со колачи и кафе“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk