Ништо нема да биде како претходно: Вака би требало да изгледаат работните места по пандемијата

Супермен

20/05/2020

13:19

4.061

Големина на фонт

а а а

Откако сите донесени мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот ќе бидат целосно укинати, животот и понатаму ќе биде ограничен во некои сегменти.

Деловниот живот ќе биде делумно поинаков – работодавците би можеле да поддржуваат работа од дома или да организираат вработените да доаѓаат во различни работни времиња или во различни денови и на тој начин да го намалат бројот на директни контакти. 

Германија, на пример, е на праг на воведување законско работење од дома. Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјавил дека има намера да предложи воведување на законско право на работа од дома во случаи во кои тоа е изводливо, со што би станало возможно и откако пандемијата на коронавирусот ќе стане минато.

Еве што би можело да се очекува во тој контекст:

Нема ракувања, помалку состаноци

Ракувањата одамна се ‘аут’”, изјавил неодамна поранешниот директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болест, Том Фриеден.


Дезинфекциските средства за раце ќе станат нормална работа. Може да се очекуваат мерки чија цел ќе биде избегнување на натрупаноста во заедничките простории, како и фактот дека компјутерите и телефоните повеќе нема да бидат заеднички.

Ќе се поттикне употребата на заштитни маски, а некои канцеларии веројатно ќе ги обезбедат истите за своите вработени.

Продавниците веќе го ограничуваат бројот на луѓе кои можат да влезат истовремено, поставуваат пластични бариери помеѓу купувачите и продавачите и бараат почитување на социјалната дистанца, а според новите мерки тоа се очекува и во кафулињата и трговските центри.

Повеќе боледувања

Aмериканскиот епидемиолог Брендон Браун вели дека во иднина ќе се поттикнува останување дома во случај кога работникот се чувствува болно.

Америка има злогласно брутална работна култура бидејќи на сојузно ниво нема задолжително боледување, а последица на тоа е одење на работа и покрај настинка и некоја болест. Според една анкета од октомври 2019 година, спроведена врз 2.800 работници, точно третина од нив секогаш одат на работа без разлика дали се болни или здрави.


Работата на далечина за многумина ќе стане вообичаена, особено бидејќи во текот на изолацијата сфативме дека тоа е возможно.

“Поради присилното останување дома, сфативме дека физичките состаноци не секогаш се нужни. Отсега би требало да се форсира тие да бидат виртуелни”, вели Браун.

Тоалети и хигиена

На работните места и понатаму ќе се бара редовно и темелно миење на раце.

Површините кои често се допираат, почесто ќе се чистат. Уште поголемо внимание ќе се обрнува на хигиената во тоалетите и одводите бидејќи постојат докази кои велат дека коронавирусот може да се пренесе и преку измет.

Еден чекор понапред кон намалување на ризикот ќе биде и пуштањето на вода во ВЦ школката со спуштен капак. Имено, млазот при испирање на школката може да ослободи до 80.000 контаминирани капки во воздухот кои можат да се задржат со часови, покажува една студија од Хонгконг.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk