Видео за кое зборува цела Америка: Легендарниот Анри клечел точно 8 минути и 46 секунди

Супермен

10/07/2020

12:30

4.144

Големина на фонт

а а а

Топката започна да се тркала и на терените во Соединетите Американски Држави со натпреварот помеѓу екипите на Монтреал и Њу Ингланд, каде минимална победа остварија гостите со резултат од 0:1, иако по мечот сите зборуваа само за еден потег.

Во центарот на вниманието бил тренерот на канадскиот тим, легендарниот Тиери Анри кој во првите 8 минути и 46 секунди од натпреварот клечел на теренот, а веќе е познато зошто и поради кого го направил ова. 

Тоа време е запишано во официјалниот извештај за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, бидејќи точно 8 минути и 46 секунди му клечел полицаецот Дерек Човин на вратот и го усмртил во текот на апсењето во Минеаполис.

Анри ја водел екипата облечен во маица со пораката “Black Lives Matter” (Црните животи се важни).


“Клечев 8 минути и 46 секунди, верувам дека знаете зошто”, изјавил Анри пред новинарите по натпреварот.

“Само сакав да оддадам почит, да покажам поддршка и да се солидаризирам. Тоа беше тоа, многу едноставно”, додал Французинот.


Симболичниот гест на Анри е само еден во низата во борба против расизмот во САД. Слична порака испратија и фудбалерите на Филаделфија непосредно пред натпреварот со Њујорк. Тие на своите дресови, наместо своите имиња ги носеле имињата на жртвите на тортура од страна на американската полиција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk