Како еден милијардер се справува со своите проблеми? Бил Гејтс открива со кои две прашања решава „сè што ќе му застане на патот“

Супермен

10/09/2020

09:10

2.040

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, Бил Гејтс во својот живот направил многу големи работи. Прво треба да го споменеме „Microsoft“, една од највлијателните фирми во светот, која што Гејтс ја основал и водел до 2008-та година.

Тука е исто и фондацијата „Bill & Melinda Gates“, која што се бори со некои од најголемите светски јавно-здравствени проблеми, како искоренувањето на детската парализа.

Освен тоа фондацијата работи и на пронаоѓање вакцина против Ковид-19, како и на зголемувањата на тестирањата.

Бил многу лесно би можел само да седи и да ужива во својот живот, трошејќи пари, но тој дефинитивно не се откажува од својата работа - да работи за добробитот на општеството.


Тој на неговиот блог неодамна напишал:

„Кога бев тинејџер, со секој нов проблем се борев и го решавав на ист начин, започнувајќи го со две прашања. Оваа техника ја користев во „Microsoft“, а ја користам и денес.

Тие прашања си ги поставувам секоја седмица. Тоа се следните прашања: Како е добро да се реши овој проблем? И што можам да научам од него?“.

Тоа се всушност едноставни прашања, но далеку се од очигледни кога подобро ќе размислите. Поголемиот дел од нас, кога ќе се соочат со проблемот, веднаш тргнуваат да го најдат решението. Тоа што Бил го предлага е различно.


Кога ќе се соочите со проблемот, првиот чекор не е пронаоѓање на негово решение, туку учење од тоа што другите го прават.

Неговиот одговор е да се биде ученик и да учиш.

Во реалноста тоа се дели на три важни особини:

- Прво, научете го тоа што сакате да го знаете,
- Второ, погледнете што можете да научите од искуството,
- Трето, бидете подготвени да научите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk