Откриваме: Кој всушност стои позади Инстаграм профилот 'Rich Kids of Instagram'?

Супермен

11/09/2020

11:31

4.835

Големина на фонт

а а а

Можеби возите низ град со суперавтомобили, пиете коктели на јахти и уживате во лускузни одмори, но, дали навистина сте богати ако не сте биле прикажани на Инстаграм профилот 'Rich Kids of Instagram'?

Дефинитивно не. Кој би рекол дека популарниот Инстаграм профил, кој сега има повеќе од 373.000 следбеници, а кој го отворил 19-годишен студент, ќе биде толку релевантен и популарен?

Џејмс Ајсон го направил овој Инстаграм профил во 2012-та година, заедно со Њујорчанец.

Профилот имал прилично скромен почеток, но кратко потоа станал еден од најпребаруваните, следен од сите оние кои уживаат во најлуксузната страна на животот.

Овој пат ви откриваме неколку интересни факти поврзани за овој профил.

Како започнало сè?

Многумина претпоставуваат дека основачот на овој профил бил член на ултра-богатите кругови, со шампањ во едната и кавијар во другата рака. Сепак, неговиот живот е сосема спротивност од неговите објави. Сопственикот на профилот пораснал во бунгалов со својата баба и дедо во Лечестер, делејќи го својот кревет на спрат со неговата самохрана мајка.


Деби во 2012-та година

Сè започнало со виралната фотографија на синот на американскиот милијардер. Ајсон објавил фотографија од синот на Мајкл Дел, 15-годишниот Закари Дел, кој уживал во својот приватен авион. Оваа објава кренала голема прашина, бидејќи лутите родители на Захари потрошиле околу 3 милиони долари на приватно обезбедување, а нивните деца објавувале премногу информации на социјалните мрежи.


Претставување на богатите со раст на богатството

Според наводите, овој профил е своевидна валидација за милениумците кои трошат неверојатни суми пари на сè - преку автомобили, дизајнерска облека, чанти, часовници и други ултра-скапи работи. Сега, тој има повеќе од 372.000 следбеници, а богатите милениумци плаќаат и до 2.000 долари за да бидат објавени.


Ако не можеш да ги победиш, придружи им се

Покрај тоа што наплаќал до 2.000 долари за претставување на овој профил, Ајсон почнал да развива свое богатство, лансирајќи специјална консиерж услуга, „RKOI Concierge“. Тој на своите богати клиенти им овозможува услуги на приватен шопинг, организации за годишни одмори, авионски превоз на домашни миленици до егзотични дестинации, планирање романтична вечера на Ајфеловата кула и многу повеќе од тоа. За овие услуги, неговата тарифа е помеѓу 3.000 и 16.000 американски долари.


Кога ќе почнат да те имитираат - знаеш дека си успеал

На нашата планета постои неверојатен број на богати деца, со недоволно место на оригиналниот профил „Rich Kids of Instagram“, па така почнале да се појавуваат и други како него, како „Rich Kids of Teheran“, „Rich Russian Kids“ и „Rich Kids Of Turkey“. Некои својата приказна ја запознале со сатиричен призвук, но исто така добиле голема популарност.


Богати деца на Нетфликс

Според гласините, „Rich Kids of Instagram“ набрзо ќе добијат своја Нетфликс серија. Засега нема никакви детали, бидејќи пандемијата на коронавирусот го запре целиот свет. Што мислите, колку пари ќе дадат богатите деца за да се појават на Нетфликс?



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk