Бил милионер во 80-те години, а потоа останал без ништо: Неверојатна приказна за дедо кој 23 години живее на пуст остров

Супермен

19/10/2020

14:35

3.847

Големина на фонт

а а а

76-годишниот Дејвид Глашин, во 80-те години на минатиот век бил милионер кој живеел во Сиднеј со сопругата и двете деца.

Тој во 1997 година го изгубил своето богатство во неуспех на берзата, се развел од сопругата и со еден куфер во кој се наоѓале три кошули, два пара шорцеви, неколку книги, тегла чили, факел, паста и четка за заби заминал на ненаселениот остров Ресторејшн близу брегот на Северна Австралија. 


Далеку од луѓето, Дејвид започнал потполно нов живот, хранејќи се со намирници од природата. Поголемиот дел од исхраната му се состои од морски плодови кои сам ги лови.

Покрај тоа, собира и кокос, локални сливи, бадеми, бобинки и слично. Еднаш годишно, пловејќи со чамец оди во градот Кернс каде пазари и си обезбедува конзервирана и сушена храна, сапун, тоалетна хартија и други основни потрепштини.


Неговата необична приказна стана позната ширум светот, а го добил прекарот „австралискиот Робинзон Крусо“.

Дејвид, кој на овој остров пристигнал со желба да побегне од современиот начин на живот, открил за „Mail Online Travel“ дека има листа на работи кои му овозможуваат да живее изолирано од светот, вклучувајќи интернет конекција на соларен погон, добри книги и две кукли кои ги нарекол Миранда и Филис.

Глашин тврди дека живее мирен и исполнет живот и не стравува за својата иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk