Кејџ само еднаш во животот се коцкал, а поради она што го направил со добивката цел свет го нарекува „легенда“

Супермен

22/10/2020

18:34

6.773

Големина на фонт

а а а

56-годишниот американски актер и режисер Николас Кејџ во 1996 година беше награден со Оскар за филмот „Leaving Las Vegas“, а во едно интервју со музичарот Мерилин Менсон, тој зборувал за коцкањето.

Имено, Кејџ кој инаку живее во Лас Вегас, открил дека избегнува казина и коцкање. Пред 30 години тој за првпат седнал на коцкарска маса, а поради она што го направил потоа многумина до ден-денес го нарекуваат „легенда“. 

„Бев на Бахамите, влегов во казино и се чувствував како победник, како ништо да не може да тргне на лошо. Мојата игра беше рулетот. Седнав со 200 долари и не пропуштив ниту еден број, до таа мера што госпоѓата која го вртеше рулетот рече дека нема ништо посимпатично од повторувач“, започнал актерот.


„За 20 минути ги претворив тие 200 долари во 20.000, по што си заминав и најдов сиропиталиште на Бахамите. Таму запознав 2 деца и директорката на сиропиталиштето и ѝ кажав: ‘Ова е за вас’. Ѝ ставив 20.000 долари во рака и си заминав. Никогаш повеќе не се коцкав, бидејќи тоа би ја уништила моќноста на тој момент“, заклучил Николас.

Познато е дека американскиот актер е опседнат со купување на бизарни и екстравагантни работи.


Голем дел од богатството потрошил на купување куќи ширум светот – во еден момент тој поседувал дури 15 куќи, вклучувајќи дворци во Англија и Германија, но поради тие недвижности сега должи данок од 6,3 милиони долари. Кејџ купил и пуст остров на Бахамите, а е голем вљубеник и во скапи автомобили.

Она што е уште побизарно е што актерот купил октопод вреден 150.000 долари за кој тврдел дека му помогнал во актерството, череп на диносаурус стар 70 милиони години вреден 276 милиони долари, гробница во облик на пирамида висока 2,75 метри во која сака да биде закопан, а има и колекција на мали пигмејски глави.


Секако, да не ги заборавиме и јахтите, мотоциклите и приватниот авион што тој го поседува.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk