Иако сите ги интересира кое е нејзиното ново момче, поради оскудното бикини – таа е главната атракција

Супермен

26/01/2021

09:30

5.009

Големина на фонт

а а а

Дизајнерката Кимберли Гарнер била „уловена“ со своето мистериозно момче на плажа во Мајами каде што во бикини со танга била главна атракција.

Модната дизајнерка Кимберли Гарнер и понатаму ја истакнува загриженоста поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во светот, а неодамна на социјалните мрежи признала дека сè уште ги одбива сите повици за дружење со поголем дел од луѓето, но затоа своето слободно време го поминува со новото мистериозно момче на плажа во Мајами.


Нивното заедничко појавување веднаш го забележале дежурните папарацо фотографи.

29-годишната Кимберли за денот поминат на сонце избрала виолетово бикини со танга, па на нејзиното ново момче не му било лесно да го тргне погледот од неа, а снимил и видео кое што таа го објавила на социјалната мрежа Инстаграм.

Кимберли во еден момент малку се опуштила, па го откопчала горниот дел од бикинито, но потоа сфатила дека е на мета на фотографите, па ги сокрила своите гради со рацете и се закопчала.


Пред Мајами, парот бил на Барбадос откаде нејзините фотографии во бикини го обиколија светот, а малкумина не се восхитиле од нејзината затегната фигура на тело.

За својот изглед и беспрекорната линија, успешната дизајнерка може да се заблагодари на промената на начинот на живот кој што го вовела во текот на пандемијата на коронавирусот, а кој што најмногу се однесува на нејзиното здравје.

„Им благодарам на сите за пораките за моето тело. Целосно ги сменив своите ставови кон сè, вклучувајќи го и здравјето. Во текот на првиот бран на коронавирусот толку многу се загрижив за своите најмили што почнав да готвам здрава храна. Телото сега ми постигна природна рамнотежа.

Вообичаено, секоја година кога ќе одев на плажа чувствував доза несигурност, но ова е првпат да се чувствувам удобно, моќно и добро“, открила таа на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk