Џеј Зи и Бијонсе се сопственици на најскапиот автомобил на светот?

Супермен

11/06/2021

19:23

5.535

Големина на фонт

а а а

Џеј Зи е можеби ултимативен њујорчанец, но тоа не го спречило да го прифати калифорнискиот начин на живот. Само погледнете го (наводно) најновиот автомобил кој тој и Бијонсе го додале во нивната колекција.

Ова возило, како што наведуваат бројни медиуми, е моментално најскапо на светот, а станува збор за – „Rolls-Royce Boat Tail“.

Инспириран од моделот „Rolls-Royce Sweptail“ вреден 13 милиони долари, „Boat Tail“ е најдекадентниот „Rolls“ кој моментално постои во светот. Со должина од 5,79 метри, кабриолетот со наутичка тематика крие 6.75-литарски V12 мотор под хаубата, нуди простор за четири патници и карбонски модуларен покрив кој може да се трансформира во елегантно купе.


Најимпресивниот елемент на овој модел се секако неговите прегради во задниот дел кои се отвораат, а во нив се наоѓа фрижидер за шампањ, „Christofle“ сет за пикник, коктел-маса со столици и чадор во целосна димензија.

Уште од минатата недела, многу луѓе ширум светот шпекулираат дека токму Џеј Зи е сопственик на овој спектакуларен автомобил. Најпрвин се појавија написи дека новиот сопственик е Американец и дека тој и неговата сопруга се дел од музичката индустрија. Потоа, тука е и „Azure Blue“ финишот кој многумина го сметаат за омаж на ќерката на славниот пар, Блу Ајви. Шлаг на тортата е ладилникот за шампањ кој е исполнет со шишиња „Armand de Brignac“, а Џеј Зи е косопственик на познатиот бренд.


Од „Rolls-Royce“ не сакаат да ги откријат деталите за сопственикот на овој автомобил, но нагласија дека станува збор за славна личност. Доколку Џеј Зи е навистина сопственик на моделот „Boat Tail“, сигурно нема да бидеме изненадени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk