(Фото/Видео) По долго време, Абрамович се појави во јавноста: Рускиот милијардер изгледа речиси непрепознатливо

Супермен

16/03/2022

22:41

17.329

Големина на фонт

а а а

Роман Абрамович, рускиот милијардер кој беше принуден да го продаде ФК Челси пoради блискоста со Владимир Путин, веќе подолго време не се појавил во јавноста, а сите биле изненадени од неговиот изглед во видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи.

Абрамович пред неколку седмици беше еден од најценетите бизнисмени на светот, но по санкциите кои многу од европските земји ги воведоа кон Русија и руските олигарси, бизнисменот сега се наоѓа во непријатна ситуација.

Тој неодамна објави дека ќе го продаде ФК Челси, но никој не го видел во јавноста, сè до вчера кога минувачите успеале да го препознаат на аеродромот во Тел Авив и покрај тоа што изгледал речиси непрепознатливо, а видеата и фотографиите почнале масовно да се споделуваат на социјалните мрежи.

Абрамович како 55-годишен човек целосно е со седа коса, а чудно е како граѓаните успеале да го препознаат.

Тој изминативе денови се наоѓал во Израел, но очигледно дека не можел да се задржи таму иако има нивен пасош, па од Тел Авив одлетал за Москва за да може да ги премести двете јахти и 14-те авиони.

Една од јахтите - „Соларис“, која е вредна неверојатни 500 милиони евра, повремено била стационирана во црногорски Тиват, но и таа го тргнала својот пат кон Русија за да не може да биде запленета, што е сè почест случај со јахтите на руските олигарси кои се погодени од санкциите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk