НБА играч се пријавил во станица откако полицијата го барала за физичко насилство

Дерби

30/06/2022

14:27

11.585

Големина на фонт

а а а

Преодниот рок за слободните агенти во НБА започнува вечерва, но медиумите мора да покриваат и поинакви вести поврзани со ѕвездите на американската кошаркарска лига.

Утринава, кошаркарот на Шарлот, Мајлс Бриџис сам се пријавил во полициска станица, откако дознал дека полицијата го бара поради пријава за физичко насилство.

Девојка го пријавила Бриџис дека физички ја нападнал по расправијата која ја имале, а таа морала да побара и лекарска помош поради заработените повреди.

Бриџис го напуштил местото додека полицијата пристигнала, но подоцна сам заминал во станица и бил пуштен да се брани од слобода со кауција од 130.000 долари.

Кошаркарот на Шарлот зад себе ја остави најдобрата НБА сезона, но сега ќе биде слободен агент, па останува да се види дали Хорнетс ќе го задржат или скандалот ќе влијае на евентуалната разделба.