Том Харди: 10 фотографии кои покажуваат колку изминативе 20 години се променил за многумина омилениот холивудски актер

Супермен

20/09/2022

17:14

6.221

Големина на фонт

а а а

Откако Даниел Крег најави дека повеќе нема да го глуми најпознатиот таен агент, се поставува прашањето кој актер ќе биде наредниот Џејмс Бонд.

Можеби згодниот Том Харди?

Во нашата галерија денеска може да ги одморите очите со десетте фотографии од актерот којшто е роден на 15 септември 1977 година.

Филмското деби го имал во филмот „Black Hawk Down“ во 2001 година.


Оттогаш бил номиниран и за Оскар за најдобра споредна машка улога и освоил низа награди, меѓу кои и „BAFTA“ за ѕвезда во подем во 2011 година.

Тој глумел во цела низа филмови, а улогата која му донела номинација за Оскар е онаа во филмот „The Revenant“ во 2015 година.

Актерот од 2014 година е во брак со актерката Шарлот Рајли со која има и две деца. Тие имаат и куче, а поради љубовта кон животните актерот соработувал со компанијата „PETA“ за поттик на вдомување на домашни миленичиња.


Икаку, растењето на актерот го одбележале консумирање дрога и алкохол, со помош на кои се обидел да се носи со депресијата. За среќа кога имал 20 години одлучил да побара психијатриска помош и да ги подобри работите.

Денес освен како талентиран актер познат е и како еден од најдобро облечените актери, а во 2015 година магазинот „GQ“ го прогласил за еден од 50-те најдобро облечени Британци.

Освен тоа, често се наоѓа на пописот на најзгодни актери на денешницата, а фотографиите во нашата галерија го потврдуваат тоа.


Се согласувате  ли со тоа?


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk