Пејачката потполно гола на плажа: Приредила шоу за останатите капачи, а потоа објавила фотографии без ниту едно парче облека на неа

Супермен

06/10/2022

11:35

14.405

Големина на фонт

а а а

Поп-принцезата Бритни Спирс во последно време привлекува најмногу внимание со голите фотографии кои ги објавува на својот Инстаграм профил.

Таа моментално со сопругот Сем Ашгари ужива на Хаваи, а откако снимила секси видео на кое е топлес, сподели и низа фотографии на кои е целосно гола.

Бритни целосно се соблекла на јавна плажа на изненадување на останатите капачи, а ги привлекла погледите и со заводливото позирање. Интимните делови на фотографиите ги прекрила со емотикони од срце.

Дел од нејзините обожаватели ја поддржуваат во ваквите потфати, но некои во сето тоа гледаат причина за грижа, особено по изјавата на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, кој тврди дека нивните синови, 16-годишниот Џејден и 17-годишниот Шон Престон, се срамат поради нејзините голи објави.

Инаку Бритни се венчаше со 12 години помладиот Сем во јуни оваа година, откако ѝ беше вратена слободата. Кон крајот на минатата година ѝ беше укинато старателството на нејзиниот татко Џејми кој 13 години управувал со нејзиниот имот, но и животот, а помеѓу останатото ги контролирал и нејзините методи на контрацепција.

Пејачката со новиот сопруг веднаш почнала да се обидува да има дете, кое многу го сакала, но само еден месец откако ја објави веста за бременоста откри дека го загубила бебето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk