(Видео) Хрватка мета на критики поради аутфитите во Катар: „Почитувајте ја нашата религија“, „Чекаме апсење“

Супермен

26/11/2022

18:45

9.174

Големина на фонт

а а а

Хрватката Ивана Кнол го привлекла вниманието во Катар со својата убавина и аутфитите со кои навива за својата репрезентација, но сепак се нашла на удар на негативни коментари поради последната објава на нејзиниот Инстаграм профил.

Кнол била забележана од една германска телевизија, која направила прилог со неа. За потребите на снимањето, убавата Хрватка облекла едноделен костим за капење со шаховска шема. Ова не им се допаднало на нејзините следбеници, кои ја обвиниле дека не ги почитува правилата на Катар.

„Почитувај ја нашата религија“, „Срам да ти е, почитувај ја туѓата култура“, „Едвај ја чекам снимката од апсењето“, „Не знам што се смета за убаво во твојата земја, но во Катар ова е грдо“, се дел од навредливите коментари кои ги добила Ивана.

Ивана била искритикувана и од нејзините сограѓани, кои велат дека со своето однесување ја срами Хрватска.

„Таа не е Хрватка, ние Хрватите ги почитуваме другите култури“, „Луѓето гинеа за тие бои што ги носиш, а ти нè срамиш низ светот и единствена цел ти е да се промовираш себеси“, „Не си на Запад“, се дел од коментарите на хрватски јазик.

Ивана ја искритикувала организацијата на овогодишното светско првенство, нарекувајќи го „најлошото во историјата“.

„Мојата придружба не доби hayya card дури и по 20 дена, иако ги има сите билети до финалето. Сите наши пријатели исто така! Јасно е зошто толку многу луѓе не сакаа ни да учествуваат во овој циркус!“, напишала таа на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk